Некои луѓе се постојано исплашени, фрустрирани и незадоволни од сè – сигурно имате некој во својот круг на пријатели кој вечно се буни и жали. Ова се три хороскопски знаци кои секогаш бараат нешто повеќе и на кои никогаш ништо не им е доволно добро.
Риби
Тие се познати по тоа што се многу емотивни и сочувствителни. Често самите себеси си прават пречки на патот затоа што претеруваат со емоциите. Исто така се склони кон тоа да бидат многу плашливи и несигурни. Затоа се сметаат за екстремно незадоволни. Често тоа е некоја одредена ситуација. Наместо нешто активно да преземат против тоа, тие често се однесуваат како жртви, но самите си се виновни поради тоа.
Лав
И лавот се вбројува меѓу хороскопските знаци кои се постојано незадоволни. Тие сакаат да бидат во центарот на вниманието, па поставуваат неверојатно високи и амбициозни цели. Лавот секогаш посакува да е многу високо, но кога тоа нема да му се исполни онака како што замислувал, тогаш е незадоволен и бесен. Ако изгуби контрола над нешто или некој добие повеќе внимание и одговорност од него, тоа никако не му се допаѓа. Малку опуштање добро би им дошло на лавовите.
Скорпија
Скорпијата е синоним за љубомора, како на работа, така и во љубовта. Наместо едноставно да ужива, да гледа позитивно и да биде среќен, овој хороскопски знак честопати е незадоволен. Всушност, на скорпијата ѝ е тешко да го цени тоа што го има. Често се споредува со другите и се жали за тоа како работите во нејзиниот живот би требало да бидат многу подобри.
Текстот Три хороскопски знаци што се секогаш незадоволни е превземен од Reporter.mk.