Три хороскопски знаци со најкраток фитил

Според хороскопот, постојат три знаци кои се пораздразливи од останатите. Тие имаат краток фитил, па справувањето со нив може да биде навистина тешко.

Овен

Импулсивност и агресивност најспецифичните карактеристиките на овој хороскопски знак. Овните имаат натпреварувачки дух. Многу лесно стануваат нервозни ако ги изиритирате или им дадете повод за кавга. Тие немаат трпение и знаат да изреагираат дури и на мал застој во сообраќајот. При поголеми ситуации, експлодираат во бес и тешко се контролираат, а и воопшто не размислуваат за последиците. Но штом се смират, подготвени се да се извинат и лесно простуваат.

Рак

Не е потребно многу да се трудите за да го вознемирите емотивниот рак. Тие се големи песимисти и многу се сомничави во однос на другите луѓе, па често доживуваат неконтролирани изливи на бес ако тоа се покаже како точно во однос на луѓето кои тие ги засакале. Ако заборавите да ги поканите на забава која ја организирате, својата лутина ќе ја преточат во огромна порака. Најчесто и така реагираат – напишана порака, а не директно конфронтирање.

Лав

Да се задржи смиреноста е еден од најголемите предизвици за овој знак. Тие се жестоки и гласни, а често се нервираат поради секоја мала ситница кога нешто не е по нивно. Не им пречи да се развикаат, дури и кога се на јавно место. Знаат да направат сцена и за безначајни ситуации.

Текстот Три хороскопски знаци со најкраток фитил е превземен од Reporter.mk.