Три козметички производи што мора да ги чувате во фрижидер

За некои козметички производи да ви траат подолго и да не го изгубат квалитетот, треба да ги чувате во фрижидер. Експертите велат дека не треба сите козметички производи да се чуваат на студено, но дека за некои дури и собната температура е висока, па мора да се во фрижидер.

Маски за лице

Овие маски побрзо се расипуваат на топло и ја губат хранливоста. Затоа штом ги купите, ако не ги користите веднаш, ставете ги во фрижидер.

Руменила

Руменилата понекогаш на топлото стануваат помеки и неквалитетни. Тие може да се залепат на четкичката во вид на дебел слој или да не можат да се нанесат со четката оти се растопени.

Крема за околу очите

Скоро сите креми треба да се чуваат на студено, но оние за регионот околу очите ќе бидат поефикасни ако се чуваат во фрижидер. Ако се нанесуваат додека се ладни, побрзо ќе делуваат на потечените делови, а поефикасно ќе ги отстрануваат и темните дамки и црвенило под очите.

Текстот Три козметички производи што мора да ги чувате во фрижидер е превземен од Reporter.mk.