Во текот на месец август ќе има три неработни денови според Законот за празниците. Првиот неработен ден е 2. август, Денот на крушевската република и важи за сите граѓани на Република Македонија.
Вториот неработен ден е на 21 август кога верниците од муслиманска вероисповед го празнуваат празникот Курбан Бајрам. Овој неработен ден важи само за верниците од муслиманска вероисповед.
Третиот неработен ден е на 28 август, во чест на празникот Успение на Пресвета Богородица и истиот е неработен за граѓани од православна вероисповед.
Текстот Три неработни денови во август е превземен од Reporter.mk.