Три жени во Кочани се тепале за еден маж

Три жени од Кочани се степале за еден 48-годишен маж, кој бил во љубовен триаголник. Тој бил во врска со жена која била на негова возраст, но во исто време и со млада кочанчанка, која имала 20 години. Извесен период кочанчанецот ја контролирал ситуацијата, сè додека еден ден младата љубовница, заедно со уште една своја другарка, не ја нападнале повозрасната жена сред улица. Започнале со навреди и кавга, а завршиле со клоцање, кубење и гребење. Жестоката пресметка се одвивала пред очите на љубовникот, кој дури и во овој случај не одбрал страна, пишува телевизија „Стар“.

Случајот го потврдија и од полицијата, но оттаму се воздржани околку коментар за причините за тепачката. Во официјалната информација за настанот, за кој цело Кочани зборува, стои:

„На 23. 12.2018 година, во 19:45 часот во ПС Кочани,  В.М. 48 од Кочани пријавила дека на ул. Охридска по претходна вербална расправија настанала физичка пресметка меѓу пријавителката М.Л (44) од Кочани од една и И.П 25 од Пеклани, виничко и А.М. 20 год. од Кочани, од друга страна. По комплетирање на настанот, против учесниците ќе бидат поднесени соодветни пријави“, информираат од МВР.,

Текстот Три жени во Кочани се тепале за еден маж е превземен од Reporter.mk.