Три знаци се секогаш шворц

Секогаш трошат повеќе отколку што заработуваат – едноставно! Затоа овие 3 знаци секогаш се жалат дека немаат пари. Тие секогаш се без денар во паричникот, сè отплаќаат на рати и земаат кредити за работи кои воопшто не им се потребни.

Личностите родени во овие три хороскопски знаци едноставно не знаат што ќе прават со парите.

Стрелец

Нив безгрижноста им е најголема маана. Никогаш ништо не планираат, тие се спонтани авантуристи кои им допуштаат на ситуацијата да го преземе кормилото. Наместо да штедат пари, тие го трошат на „истражување на светот“, па дури и ако тоа истражување подразбира тури во посети на кафулиња. Стрелците се водат со девизата дека „еднаш се живее“, па дури и ако тоа значи дека последната недела во месецот ќе бидат буквално без денар во џебот.

Вага

Нив им е најважно на сите да им се допаднат. Па дури и ако тоа подразбира трошење на пари кои ги немаат. Многу се лесни при трошењето и мрзливи при составувањето на финансискиот план, што често ги доведува до проблеми. Нив тоа претерано не ги оптоварува затоа што, на крајот на денот, најважно им е да бидат прифатени и сакани,

Близнаци

Тие се исклучително екстровертни и дружељубиви личности кои најмногу пари трошат на забава и непотребен луксуз. Сакаат да оставаат впечаток дека се добростоечки дури и кога не се, што на крајот од месецот ги доведува до минус на сметката и многу долгови.

Текстот Три знаци се секогаш шворц е превземен од Reporter.mk.