Три камчиња од Месечината, со размер еден до два милиметри, за кои се тврди дека ги донеле руските астронаути од вселенската мисија Луна-16 во 1970 година, беа продадени на аукција на „Сотби“ во Њујорк. Тие достигнаа цена од 855.000 долари.
Ова се единствените Месечеви камења кои се официјално во приватна сопственост. На аукцијата ги понудил човекот што ги купил 1993 година, а кој тогаш за нив платил речиси двојно помалку, 442.500 долари. Прва сопственичка на ретките камчиња била Нина Ивановна, сопруга на тогашниот директор на Советската вселенска програма, Сергеј Корољев.
Проценките пред наддавањето беа дека трите камчиња ќе се продадат за околу еден милион долари.
Текстот Три зрна песок од Месечината продадени за 855 илјади долари е превземен од Reporter.mk.