„Знам дека ќе ме осудат како лоша мајка, но сакам да ги предупредам другите за да не им се случи тоа што јас го доживеав“, напишала Линдѕи Маклвер на „Фејсбук“.
Таа и нејзиниот сопруг на 8 јули купиле нова „фенси“ машина за перење и ги предупредиле своите три деца да не ја допираат.
Неколку дена подоцна, нивниот 4-годишен син ги разбудил и успеал да ги предупреди дека неговата тригодишна сестричка е во опасност.
Жената веднаш стигнала во бањата и ја забележала машината како се полни со вода и детергент, а внатре во пената го видела лицето на својата ќеркичка.
„Таа врескаше, но надвор не се слушаше глас“, објаснува Линдзи.
Родителите се испаничиле затоа што машината била нова. Тие не знаеле како работи, дури ни упатството го немале прочитано. Сепак, успеале брзо да ја исклучат машината, да ја отворат вратата и да го извлечат детето. Девојчето се здобило со неколку модринки, но тоа било сè.
Иако се плашела дека ќе ја осудат како лоша мајка, Линдзи во коментарите добила разбирање и поддршка, но пред сè родителите ѝ се благодарни за предупредувањето.
Текстот Тригодишно девојче заврши во машина за перење е превземен од Reporter.mk.