Турскиот Совет за заштита на конкурентноста го казни глобалниот интернет гигант „Гугл“ со казна од 15 милиони долари поради нарушување на пазарот на софтвер за мобилни уреди.
Според одлуката на Советот, „Гугл“ има шест месеци рок да ги направи потребните измени за веќе да не го нарушува пазарот на софтвер.
Советот заклучи дека компаниите „Гугл“ и „Гугл Рекламџилик“ потпишувале договори со производители на мобилни уреди од позиција на монопол и доминација со пазарот и го попречувале слободното промовирање на мобилни апликации на нивната Андроид платформа. Апликациите на „Гугл“ биле привилегирани на Андроид мобилните уреди, со што, според Советот, била предизвикана економска штета на потрошувачите.
Претставништвото на „Гугл“ во Турција одговори со соопштение дека Андроид системот е полезен за потрошувачите и дека се работи за високо квалитетен производ, како и дека постои доволна конкуренција на пазарот доколку се земе предвид распространетоста на ривалските производи на Епл.
Текстот Турција го казни „Гугл“ со 15 милиони долари е превземен од Reporter.mk.