Полицијата на Тајланд соопшти дека го уапсила Франческо Галдели, осуден на затворска казна во Италија, бидејќи го користел името на глумецот Џорџ Клуни за да ги натера луѓето да инвестираат во неговата непостоечка компанија за облека.
Криминалистичкиот оддел на тајладнската полиција соопшти дека 58-годишниот Галдели бил уапсен во саботата во Патаја, под сомневање за илегален престој во земјата. Откако го уапсиле откриле дека против него е поднесена потерница од Интерпол.
Судот во Милано уште во 2010 година му одреди на Галдели осум години затвор откако беше прогласен за виновен оти го користел името на Џорџ Клуни за да измами потенцијални инвеститори. Тој избегал од земјата пред да почне да ја служи казната.
Текстот Уапсен Италијанец што се претставувал како Џорџ Клуни е превземен од Reporter.mk.