Убиецот на Џон Ленон бил одбиен 10 пати да биде пуштен на слобода

Марк Дејвид Чапман (63) е осуден за убиство на Џон Ленон во ноември 1980 година од 20 години до доживотна робија. Молбата за пуштање на условна слобода на Чапман му била 10 пати одбиена од страна на одборот за помилување, велејќи дека неговото ослободување од затвор би било несогласно со општото добро и безбедноста на општеството.

„Доколку би излегол од затвор, тоа би ја ублажило сериозноста на неговото злосторство, а истовремено би ја загрозила безбедноста на општеството. Некој би можел да го нападне од бес или одмазда, или само за да стане познат“, велат од одборот.

Марк Дејвид во ноември 1980 година го уби поранешниот член на Битлси, пукајќи во него четири пати со огнено оружје пред неговиот стан во Њујорк.

„Како што им е познато на сите, вие внимателно сте го испланирале и извршиле убиството на светска познатата личност со цел да се прославите“, истакнал одборот за помилување.

Од таму велат дека еден човечки живот не е повреден од друг, но фактот дека Чапман го одбрал Ленон, кој бил обожаван од милиони луѓе, покажува дека Чапман не ја почитува светоста на човечкиот живот.

Убиецот на познатиот музичар повторно ќе има сослушување за условна слобода во август 2020 година. Пред ова сослушување, политичарите и фановите организирале собир кај Strawberry Fields, споменикот на Ленон во „Централ парк“ во Њујорк, и нагласија дека Чапман не смее да излезе од затвор.

Текстот Убиецот на Џон Ленон бил одбиен 10 пати да биде пуштен на слобода е превземен од Reporter.mk.