Лимузината ZIS 115 во која се возел советскиот диктатор Сталин била украдена од гаража во центарот на Москва. Во прашање било возило тежок дури 4,2 тони. Шесттемина арамии ја украле лимуѕината во петокот вечерта, а истата била најдена утредента во една гаража во престолнината на Русија.
Оваа лимуѕина била направена за советските лидери од 1049 година до 1955 година. Вкупно се произведени 50 примероци. Оклопена е и може да издржи експлозија на рачна бомба и рафали од автоматско наоружување.
Нејзината вредност е проценета на околу 2.8 милиони долари. Лимузината му припаѓала на еден украински тајкун кој е во домашен притвор.
Текстот Украдена лимузината на Сталин е превземен од Reporter.mk.