Уметничките слики и дела од современи автори, кои ги поседувал починатиот пејач Џорџ Мајкл, се продадоа за 15 милиони долари на аукција која траеше два дена. Колекцијата на уметничките дела вклучуваше парчиња од влијателни уметници меѓу кои Трејси Емин и Демиан Хирст.
Највисока цена на аукцијата достигна делото на Хирст, со оригинално име The Incomplete Truth од 2006 година, кое се состои од гулабица зачувана во формалдехид, а се продаде за 1,4 милиони долари.
Џорџ Мајкл, кој почина на 53-годишна возраст во декември 2016 година, беше колекционер на дела од Младото британско уметничко движење, но и пријател со многу британски уметници.
Собраните средства од продажбата на делата ќе бидат наменети за финансирање на хуманитарни организации кои ги поддржувал пејачот.
Текстот Уметничката колекција на Џорџ Мајкл се продаде за 15 милиони долари е превземен од Reporter.mk.