Уредете го домот во медитерански стил

  1. Бои

Кога станува збор за морето, првата асоцијација е секако сината боја. И тоа во што поинтензивна нијанса! Бојадисајте ги ѕидовите во сина боја со бели детали, а истото направете го и со мебелот во домот. И нежнозелената боја може да биде прекрасно освежување во оваа комбинација.

  1. Под

Бродскиот под е најдобар избор ако сакате во текот на целата година да се чувствувате како да сте на море. Погледнете го само колку добро изгледа – во вашиот дом 12 месеци ќе биде лето!

  1. Врата

Ако можете да си дозволите, направете или купете дрвена врата на лулање за влез во кујната. Ова без сомнение постојано ќе ве потсетува на чувството кога последен пат сте биле на море.

  1. Уникатни детали

Врамете некоја фотографија со морски пејзажи, набавете декоративен брод, купете перници во форма на гуми за спасување и декорации во форма на сидро… Можностите се бескрајни кога станува збор за овие ситници што можат неизмерно да ви го разубават просторот.

  1. Кујна

Сините чинии, чашите и садовите за зачини на дрвена полица ќе бидат одлични детали што секојдневно ќе ве потсетуваат на прекрасниот Медитеран.

  1. Тепих

Кога станува збор за медитеранскиот стил, најдобриот начин да го извлечете највпечатливиот изглед од вашите подови е доколку ги исфрлите класичните теписи и комбинирате неколку мали килими низ домот.

  1. Природни материјали

Кога бирате мебел, бирајте дрво. Покрај тоа што најмногу потсетува на море, тој е и најдобар избор за вашето здравје.

 

  1. Тераса

Ако имате тераса, нека биде богата со цвеќиња, а гелендерот задолжително декорирајте го со петунии во раскошни бои. Што поколоритно – толку подобро!

Текстот Уредете го домот во медитерански стил е превземен од Reporter.mk.