Атлетичарот Ардијан Шабани и атлетичарката Сара Дураку освоија три медали на Специјалната олимпијада во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати. Адријан освои две медали во две трки, сребро на 25 метри и бронза на 50 метри, а Сара освои бронзен медал во трката на 100 метри.
Македонските спортисти досега имаат освоено пет медали на Летната специјална олимпијада, откако Марио Мицковски и Стефан Трпковски освоија златни медали во пливање на 50 метри слободен стил.
Летните олимписки игри Абу Даби 2019 се одржуваат од 14 до 21 март, со над 7.000 учесници од 190 земји, кои се натпреваруваат во 24 спортови. Македонија на Специјалната олимпијада учествува со 26 спортисти.
Две злата за Македонците на Специјалната олимпијада во Абу Даби
Текстот Уште три медали за Македонците на Специјалната олимпијада во Абу Даби е превземен од Reporter.mk.