До крајот на денов локално ќе провејува слаб снег и ќе има позначителна облачност. Ќе продолжи да дува умерен ветер од северен правец, јавуваат метеоролозите.
Во ноќните часови облачноста ќе почне да се намалува па така утре (петок) утрото ќе биде многу студено со многу ниски температури на воздухот кои ќе се спуштаат од -10 до 0 степени, на високите планини (над 2000 метри) температури ќе се спуштаат дури до -15 степени.
Потоа во следните денови следува период на постабилно и релативно суво време, додека во текот на следната недела поради јужно воздушно струење очекуваме и значителен пораст на температурите па така максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.
Текстот Уште утре ладно, следи пак затоплување е превземен од Reporter.mk.