Триесет и петгодишната Тејлор Кохран од Небраска успеала да победи многу редок тип рак, кој е утврден кај само 250 жени во светот. Тејлор боледувала од редок облик на рак на јајчникот, болест што е утврдена кај еден од милион луѓе. Шансата да се преживее е помала од 10 проценти, велат лекарите кои го следеле случајот на Тејлор.
Тејлор, која работи како адвокат, открила дека има рак во 2016 година, кога го родила второто дете. На почетокот мислеле дека болките се поврзани со бременоста, но подоцна преку ултразвук била откриена вистинската причина. Тејлор почнала со лечење и терапии, за кои вели дека можеле да ја убијат.
Ракот се појавил за време на втората бременост со нејзината ќерка Пенелопе, која сега има три години. Покрај Пенелопе, таа го има и петгодишниот син Рејд. Кај Тејлор се јавила постпородителна депресија, три месеци по раѓањето на Пенелопе, и вели дека чувствувала силни болки во абдоменот.
„Мислев дека тоа е последица на постпородителната депресија“, изјавила Тејлор.
До 2017 година болките станува сè посилни. Ултразвукот покажал маса од 12 сантиметри на десниот јајчник. Три дена по дијагнозата, Тејлор отишла на операција. Специјалистите ѝ го отстраниле туморот, заедно со десниот јајчник. Туморот бил испратен на Универзитетот „Харвард“, за да се утврди за каков облик станува збор.
На локално ниво, лекарите велат дека било невозможно тоа да се направи. Се утврдило дека во е прашање трет стадиум на карцином на клетките на јајчникот, тип хиперкалцемија. Станува збор за редок облик на рак на јајчникот, за кој се документирани само 250 случаи во светот.
Три години по дијагнозата, Тејлор е уште жива и успешно се грижи за своите деца. Таа вели преживеала благодарение на напорното експериментално лечење на матичните клетки, за кои тврди дека ѝ дале шанса за живот по ракот.
„Трансплатацијата на матичните клетки за малку ќе ме убиеше, но сепак на крајот ми го спаси животот. Оваа операција ги брише претходните и ги менува со нови здрави клетки“, вели Тејлор.
Тејлор почнала со интензивна осумдневна хемотерапија, која ѝ го ослабела имуниот систем, за да може да го спречи организмот да ги отфрли новите матични клетки. Покрај терапијата, Тејлор практикувала и акупунктура и медитација.
„Овие холистички пракси неизмерно ми помогнаа. Мислам дека не би била жива, ако не ги комбинирав овие работи“, вели Тејлор.
Во декември 2017 година лекарите потврдиле дека ракот е уништен и повеќе не е дел од организмот на Тејлор. Таа вели дека и денес практикува медитација и акупунктура за да го сочува своето психичко и физичко здравје.
„Сакам луѓето да знаат дека секогаш постои и најмала шанса. Треба да ја пронајдат и да ја искористат за себеси и за другите. Сркојдневно се појавуваат нови терапии“, порачува Тејлор.
Текстот Успеала да победи редок тип на рак, откриен кај само 250 жени во светот е превземен од Reporter.mk.