На суеверниот петок 13 се очекува феноменот што ќе се случи по речиси 20 години и е наречен Месечина на жетвата.
Целосна Месечина на жетвата ќе се појави во претстојниот петок 13 за првпат по деветнаесет години и ќе изгледа помала од вообичаеното.
Месечина на жетвата или полна месечина, која се појавува најблизу до есенската рамноденица во септември, ќе се појави на петок 13, а претходно оваа појава беше забележанa на 13 октомври 2000 година. Феноменот ќе може да се види и на 14 и 15 септември. Најдобриот момент да се види Месечината ќе зависи од временската зона.
Феноменот се јавува само еднаш на две децении, но тоа не е единствената причина што годинава Месечина на жетвата е ретка. Оваа година Месечината речиси се совпаѓа со апоге: точката во орбитата на планетата кога е најмногу оддалечена од Земјата на 404.106 километри. Растојанието ќе ја направи месечината 14 проценти помала и ова е причината зошто некои ја нарекуваат „Микро Месечина“.
Терминот Месечина на жетвата е име кое ѝ е дадено на полната месечина која се појавува на крајот на септември, почетокот на октомври. Терминот се користи бидејќи таа им ги осветлувала полињата на земјоделците овозможувајќи им да работат во текот на ноќта за време на жетвата.
Всушност, сите полни месечини имаат имиња кои им ги дале американските домородци Алгонквин. Зависно од месецот во кој се појавуваат, тие се – Јануари: Месечина волк, Февруари: Снежна Месечина, Март: Црвлива Месечина, Април: Розова Месечина, Мај: Цвет Месечина, Јуни: Јагода Месечина, Јули: Јарец Месечина, Август: Есетра Месечина, Септември: Месечина на жетвата, Октомври: Ловец Месечина, Ноември: Дабар Месечина, Декември: Студена Месечина.
Текстот Утре е петок 13, по дваесет години ќе се појави Месечина на жетвата е превземен од Reporter.mk.