Под влијание на влажен и студен бран, утре и в четврток ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови, соопшти УКМР.
Насекаде ќе се формира нова покривка од 10 до 30 сантиметри, а на планините позначителна, над 50 сантиметри. Поради ниските температури, ќе има појава на голомразица.
Инаку, денеска најмногу снег има наврнато на Маврови Анови каде што висината на снежната покривка изнесува 66 сантиметри, понатаму 27 во Крушево, 23 во Тополчани, 21 во Битола, 14 на Попова Шапка, 11 во Лазарополе, 10 сантиметри снег има во Берово, 9 во Демир Капија, 7 во Струмица и Прилеп, 3 во Претор и 2 сантиметри снежна покривка во Крива Паланка и Штип.
Во моментов времето е сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголемува, а во ноќните часови во западните делови ќе има врежи од снег. Максималната температура ќе биде во интервал од минус 8 до 2 степена.
Текстот Утре и задутре обилни врнежи од снег е превземен од Reporter.mk.