Месечината, Земјата и Сонцето за време на викендов ќе бидат во иста линија , кога се очекува целосно затемнување на Месечината, појава која нема да се повтори ниту оваа, ниту наредната година. Истовремено Месечината ќе биде најблиску до Земјата поради што ќе делува поголема и посветла од вообичаено, а тој феномен се нарекува Супер Месечина.
Американскиот астрофизичар Патрик Хартиган изјави дека тоа ќе биде интересно бидејќи ќе се случи и Супер Месечина и целосно затемнување на Месечината, додавајќи дека затемнувањето ќе трае многу долго, околу еден час.
Затемнувањето ќе започне во недела навечер или во понеделник рано наутро во зависност од тоа на кој дел од Земјата ќе се набљудува овој феномен. Сенката на Земјата целосно ќе ја прекрие Месечината во тек на 62 минути, наведуваат научниците и додаваат дека доколку биде ведро небото, феноменот ќе може да се види и во Северна и Јужна Америка, но и на Гренланд, Исланд, Ирска, Велика Британија, Норвешка, Шведска, Португалија, но и на брегот на Франција и Шпанија.
Останатиот дел од Европа, како и Африка ќе имаат само делумен поглед. Затемнувањето нема да биде видливо во Азија, Австралија и Нов Зеланд. Наредното целосно затемнување на Месечината се предвидува за во мај 2021 година.
Текстот В недела целосно затемнување на Месечината е превземен од Reporter.mk.