Василичарскиот концерт на НОБ посветен на музичките легенди

Песни од некои од најголемите поп и рок-легенди ќе се изведат на Василичарскиот концерт во Националната опера и балет (НОБ). Овој концерт традиционално се одржува на 12 и 13 јануари во пресрет на празникот Василица.

Концертот е насловен „Легенди“, а ќе диригира Бисера Чадловска. На него ќе настапат солисти, Хорот и Оркестарот на НОБ.

Според најавите од НОБ, ќе бидат изведени хитови на Витни Хјустон, Дејвид Боуви, Тина Тарнер, Елтон Џон, Барбра Стрејсенд, Мајкл Џексон, Стинг, Џорџ Мајкл, „Ганс ен роузис“, но во нови симфониски аранжмани.

Текстот Василичарскиот концерт на НОБ посветен на музичките легенди е превземен од Reporter.mk.