Во „Долби театарот“ во Лос Анџелес вечерва ќе се одржи 91. доделување на Оскарите, награда на американската Академија на филмски уметности и наука. Првпат по 1989 година на церемонијата нема да има водител, туку бројни холивудски и музички ѕвезди ќе бидат презентери на наградите.
Во категоријата за најдобар филм, годинава се номинирани осум филмови. Фаворити, со по 10 номинации, се сметаат британскиот филм „Миленичка“, црна комедија за политичките интриги и игри на моќ на дворот на кралица Ана во 18 век и „Рома“, осврт на животот на една куќна помошничка во Мексико Сити.
Пејачката Лејди Гага е првата личност што во иста година е номинирана и за најдобра актерка и најдобра песна во филмот на Бредли Купер „Ѕвездата е родена”. Таа е фаворит за освојување на наградата за најдобра песна, Shallow, за која веќе ги доби наградите „Греми“, „Златен глобус“ и „БАФТА“.
За Оскар за најдобар филм ќе се натпреваруваат осум филмови: Roma, A Star is Born, Green Book, BlacKkKlansman, Vice, The Favourite, Black Panther и Bohemian Rhapsody. Во конкуренција за најдобар режисер се Алфонсо Куарон, Бредли Купер, Спајк Ли, Јоргос Лантимос, Адам Мекеј и Павел Павликовски. Номинации за најдобра машка улога добија Кристијан Бејл, Рами Малек, Бредли Купер, Виго Мортенсен и Вилијам Дефо. Во категоријата за најдобра женска улога ќе се натпреваруваат Глен Клоуз, Леjди Гага, Оливија Колман, Јалица Апарисио и Мелиса Макарти.
Текстот Вечерва ќе се доделат 91. Оскари е превземен од Reporter.mk.