Вечерва премиера на мјузиклот „Боливуд“ во Театар Комедија

Првиот мјузикл во НУ Театар Комедија „Боливуд“, во режија на Наташа Поплавска премиерно ќе биде изведен вечерва. Автор на текстот е Маја Пелевиќ.

„Низ бајковидна утопија за доаѓањето на Боливуд во нашиот регион, ние се обидовме да раскажеме приказна за сите нас и за она за што сме способни, ако можеме да добиеме подобра иднина. Авторката Маја Пелевиќ создава современа мјузикл комедија, која преку сонгови и комични ситуации посочува на проблемите во нашите транзициони пост – комунистички општества. Овој наш боливудски мјузикл гради своја кабаретски – боливудска форма, која допира до нашите блиски колективни мемории. Создадовме претстава, мјузикл која по својот израз оди на работ помеѓу Брехт, Боб Фосе и Мејерхољд“, велат од Театар Комедија.

Музиката е на Огнен Анастасовски, сцена и дизајн: Емил Петро, светло дизајн: Милчо Александров. Превод на текст и препев на сонгови: Наташа Илијевска и Наташа Поплавска

Играат: Жаклина Стевковска, Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Жарко Димоски, Ева Скендеровска, Миа Кантарџиева и Сергеј Димовски.

Текстот Вечерва премиера на мјузиклот „Боливуд“ во Театар Комедија е превземен од Reporter.mk.