По долго и тешко боледување, почина охриѓанката Јана Арсовка. Триесет и тригодишната девојка која вечерва требаше да има хуманитарен концерт, ја изгуби битката со ракот. Јана боледуваше од редок тип на канцер. И беа направени две трансплантации на коскена срцевина, а беше предложено и итно лекување со имунотерапија.
Таа пет години се бореше тешката болест. Се работи за „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е толку редок што речиси е невозможно да се направи статистичка споредба.
Во САД се јавува кај секој 1 на 12 милиони луѓе. По дијагнозата во Македонија во 2015 и операцијата во Скопје при која и беше отстранет левиот бубрег и надбубрежната лезија, Јана двапати се лекуваше во Флензбург, Германија. Во 2016 и 2018 година, со поддршка од Фондот за здравствено осигурување
Вечерва во „Арената A1“ во Скопје, требаше да се одржи хуманитарен концерт на Бона и Мили од соседна Србија, а дел од собраните средства требаше да се донираат за лекување на Арсовска. До сега се организираше и хуманитарен концерт за Јана во Охрид, а беа отворени и донациски сметки, затоа што препорачаната терапија беше многу скапа.
Текстот Вечерва требаше да има хуманитарен концерт, Јана Арсовска ја изгуби битката со ракот е превземен од Reporter.mk.