Новата реклама на „Дизни“ за забавен парк кај многумина ќе предизвика наплив на емоции. Рекламата, која трае околу 30 секунди, почнува со девојче кое трча кон дворецот на Пепелашка и го повикува својот татко да побрза. Ја наоѓа Пепелашка и ја прегрнува.
Тогаш камерата открива дека станува збор за татко кој со солзи во очите гледа стара снимка на неговиот мобилен телефон, а неговата ќерка веќе се подготвува да оди на факултет.
Рекламата покажува колку брзо лета времето и колку брзо растат децата.
Текстот (Виде) Новата реклама на „Дизни“ ги расплака родителие низ светот е превземен од Reporter.mk.