Џон и Филис Кук се венчаа во старечки дом во Охајо по една година познанство. Џон има 100 години, а Филие е две години постара од него. Тие велат дека за бракот и љубовта нема ограничување и дека возраста не треба да е пречка. Филис и Џон се запознале во 2018 година, но во последните неколку месеци, велат развиле подлабока врска. Бидејќи таа е голем верник, решиле дека е најдобро да се венчаат.
Приказната за бракот на Филис и Џон ја пренесе „Ен-би-си“. Во интервју за оваа телевизија Филис рекла дека долговечноста во нејзиното семејството е генетска, со оглед на тоа дека и нејзината мајка живеела 106 години.
Текстот (Видео) 102-годишна жена се омажи со 100-годишен маж е превземен од Reporter.mk.