(Видео) Ајронмен ги израдува децата во болница во Аргентина

Густаво Лоиацоно во костим на суперхеројот „Ајронмен“ ги посети децата во една болница во Аргентина. Тој  неодамна останал без работа, и почнал да размислува како да не го троши времето залудно и да почне да прави добри дела.

За време на посетата во една детска клиника, добил идеја да го облече црвениот костим на неговиот омилен суперхерој на „Марвел“. Со своите претстави ги развеселувал децата, нивните родители и болничкиот персонал.

Густаво пее и игра со нив и на тој начин им ја враќа насмевката на лицата. Густаво има многу суперхерои за идоли, но најголем впечаток му оставил Роберт Дауниниг Џуниор, кој ја игра улогата на „Железниот човек“.

Текстот (Видео) „Ајронмен“ ги израдува децата во болница во Аргентина е превземен од Reporter.mk.