Германската канцеларка Ангела Меркел целата се тресела додека го чекала украинскиот претседател Владимир Зеленски. Канцеларката денеска во Берлин на црвениот тепих стоела подолго време на сонце, додека воениот бенд ги изведувал химните на Германија и Украина.
По интонирањето на химните, на една од снимките се гледа како Меркел почнува да се тресе, а набрзо потоа затоа со Зеленски влегла во зградата во која се наоѓа нејзината канцеларија.
Пред да влезе Меркел застанала да се поздрави со воениот бенд, а подоцна канцеларката на прес конференција рекла дека се чувствува добро.
„Испив три чаши вода, кои очигледно ми беа потребени и сега сум многу добро”, рекла Меркел.
Таа, еден час по состанокот со Зеленски, на заедничка прес конференција рекла дека разговарале за билатерални прашања и за мировниот договор од Минск.
Германската канцеларка полни 65 години наредниот месец, а не е познато дека има било какви здравствени проблеми.
German Chancellor Angela Merkel says she is “very well” again after drinking three glasses of water.
Earlier Merkel was visibly shaking as she greeted Ukrainian President Volodymyr Zelenskiy at temperatures of around 30 degrees celsius in Berlin. pic.twitter.com/uWhnW0scD7
— DW Politics (@dw_politics) June 18, 2019
Текстот (Видео) Ангела Меркел пред колапс, канцеларката се тресеше на црвениот тепих е превземен од Reporter.mk.