Британската телевизиска мрежа „Би-Би-Си“ најави дека ќе направи нова емисија за рускиот претседател Владимир Путин. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Пешков изјави дека британскиот јавен сервис, не прашал за дозвола да го користи ликот на рускиот претседател во својата нова емисија.
„Не, авторите на програмата не не прашаа за дозвола дали можат да прават емисија за рускиот претседател Путин“, изјавил Пешков, а пренсе „Тас“.
Пешков изјавил дека Кремљ ја видел рекламата за престојната емисија.
„Можам да кажам дека Путин не чига книги за себе и не гледа карикатури“, изјавил Пешков.
„Би-Би-Си“ во средата ја најави емисијата „Вечер со Владимир Путин“, во која анимираниот лик на рускиот претседател ќе ги интервјуира гостите. На прашањето на новинарите на агенцијата „Тас“, за причините за изборот на главниот лик во емисијата, од „Би-Би-Си“ немале коментар.
🥋 Britain’s newest chat show host – please welcome Vladimir Putin to @BBCTwo pilot #TonightWithVladimirPutin: https://t.co/DVY8uVOWSM pic.twitter.com/ifgw0s0kWB
— BBC Press Office (@bbcpress) May 21, 2019
Текстот (Видео) Анимиран Путин во емисија на „Би-Би-Си“ е превземен од Reporter.mk.