(Видео) Арапите уживаа во лимузината на Путин

Лимузината на рускиот претседател Владимир Путин, марка „аурус“, го привлече вниманието на љубителите на автомобили ширум светот. Автомобилот беше претставен вчера на саем во Абу Даби, а сега љубителите имаа можност и да ѕирнат во неговата внатрешност.

Оваа руска автомобилска марка, освен претседателската лимузина во својата понуда ги има и луксузниот седан, SUV и MPV возилата за потребите на функционерите во Абу Даби, но исто така може да се најде и во продажба на слободниот пазар.

Блиндираното претседателско возило изгледа моќно. На снимката може да се види луксузно опремениот ентериер со превртена кожа, како и голем LED ТВ екран на преградата меѓу предниот и задниот патнички дел од кабината.

Со оваа лимузина, рускиот претседател Владимир Путин се возеше во јануари низ улиците на Белгред.

Текстот (Видео) Арапите уживаа во лимузината на Путин е превземен од Reporter.mk.