Патнички авион на „Ер Ниугини“ од Папуа Нова Гвинеја слетал во море покрај меѓународниот аеродром Чук во Микронезија откако ја промашил пистата, пренесува „Би-би-си“. Според официјалните служби на аеродромот, никој од 35-те патници и 12-те члена на екипажот на авионот не е сериозно повреден. Причината за несреќата не е позната, а властите наскоро ќе покренат формална истрага.
„Авионот се урна во лагуната, на 160 метри од пистата. Засега не знаеме зошто се случи ова и ќе покренеме истрага што е можно поскоро. Аеродромот не е затворен и продолжува да работи“, рекол шефот на аеродромот Џими Емилио.
Авионот се урна за време на краткото запирање на островот Вено на пат од островот Понпеи во Микронезија кон Порт Морсби, главниот град на Папуа Нова Гвинеја.
SHORT OF THE RUNWAY
Air Niugini said in a statement #PX73 Boeing 737-800 landed in the water short of the runway at Chuuk Int’l Airport. All on board evacuated safely. As this video shows locals were quick to react and assist in the rescue.Facebook/Jumeta Esenaf pic.twitter.com/5jjWVv0zdt
— Tom Podolec Aviation (@TomPodolec) September 28, 2018
Текстот (Видео) Авион ја промаши пистата и слета во море е превземен од Reporter.mk.