Револуционерниот авион кој поради својата специфичност на обликот го добил надимакот авион-куршум, е забележан неколкупати на пистите во Јужна Калифорнија, а од компанијата „Ото авиејшн“ велат дека леталото е подготвено за тестирање. Од компанијата велат дека на авионот Celer 500 L се работи веќе 10 години, пишува Drajv.
Иако поголемиот дел од карактеристиките на авионот се непознати, сепак експертите велат дека необичниот дизајн, кој е во облик на солза, го прави ова летало да биде многу поефикасно во поглед на аеродринамичноста и нема губење на внатрешниот простор. Дизајнот на крилата овозможува полетување на кратки писти од околу 1000 метри.
Во авионот се наоѓаат два дизел-мотори B12 од германската компанија Raikhlin Aircraft Engine Develpments. Брзината на авионот е 940 километри на час со потрошувачка од 5,80 литри гориво на 100 километри. Максималната висина е до 20 километри.
Како споредба, вториот турбопропелерски авон Pilatus PC-12 може да лета со брзина до 530 километри на час, трошејќи притоа повеќе гориво, 4,5 литри на осум километри пат, во однос на 4,5 литри на 50 километри.
Конструкторите се надеваат дека авионот ќе изврши пробив на пазарот на цивилната авијација. Доколку авионот ги направи успешно сите пробни летови, ова летало, според патентот, може да биде 10 пати поефикасно од кое било во својата категорија. Чекор понатаму би било оваа технологија да се пренесе и на комерцијалната авијација.
Тоа би довело до многу повеќе ефикасни летови и значително намалување на емисијата на штетни гасови.
Текстот (Видео) Авион во форма на куршум тајно тестиран во Калифорнија е превземен од Reporter.mk.