Дваесет и петгодишна девојка фрлила јајце кон премиерот на Австралија Скот Морисон, за време на изборната кампања, соопштиле од полицијата на сојузната држава Нови Јужни Велс. Обезбедувањето веднаш ја отстранила девојката од толпата, а според полициските наводи, никој не е повреден во инцидентот.
Морисон за кратко се фаќа за глава, а во тие моменти една жена се повредила сакајќи да му помогне на премиерот.
Морисон подоцна на „Твитер“ ја нарекол девојката која го удрила со јајце „кукавичка активистка“. Премиерот го пофалил своето обезбедување за брзата реакција и изразил загриженост за состојбата на постарата жена која сакала да му помогне, наведува „Би-Би-Си“.
Инцидентот се случил во Обери, кој се наоѓа на околу 330 километри југоисточно од Канбера.
Текстот (Видео) Австралискиот премиер погоден со јајце е превземен од Reporter.mk.