Безбедносните камери во зградата каде живеела руската блогерка Екатерина Карагланова, го снимиле нејзиниот убиец. Полицијата успеала да го пронајде и приведе нејзиниот убиец Максим Гарејев.
Екатерина била пронајдена мртва во изнајмениот стан во Москва, а сите руски медиуми овој случај го опишаа како злостор од хорор филмовите. Ја пронашол газдата на станот, кој добил повик од нејзините родители да провери што се случува со нивната ќерка. Екатерина не одговарала не нивните повици на телефонот.
Екатерина била пронајдена гола во куфер. Убиецот и го пресекол вратот и ѝ нанел повеќеубодни рани. Таа работела и како ескорт дама и била студент на студии по медицина. На интернет постојат голем број на експлицитни фотографии од неа. Постојат наводи дека често била уценувана и дури ` се заканувале со голите фотографии дека ќе и бидат објавени во јавност.
Таа никогаш случаите со уцени не ги пријавила во полиција. Кога Гарејев дознал дека Екатерина се подготвува да патува за Холандија со постар маж, тој влегол во нејзиниот стан и ја убил. Потоа сакал да ја сокрие во куфер и да се ослободи од неа. Но, на крајот нејзиното тело го оставил во станот.
Гарајев тврди дека Екатерина ја видел на сајтовите кои нуделе сексуални услуги. Како наведуваат руските медиуми, двајцата не можеле да се договорат околу цената. Таа сметала дека Гарајев ѝ понудил мала цена.
„Ме навреди. Го уништи моето сексуално достоинство и ме навредуваше. Не можев да ја поднесам, па ја избодев најмалку пет пати во вратот и градите. Се покајав за злосторството и сакам да соработувам со властите“, изјавил Гарајев.
Позната блогерка брутално убиена во Москва, полицијата го сомничи нејзинoто поранешно момче
Текстот (Видео) Безбедносните камери го снимиле убиецот на руската блогерка Екатерина е превземен од Reporter.mk.