Дваесет и седумгодишната Анѓела Примаченко, од Вашингтон, во болницата стигнала затоа што мислела дека има силни симптоми на алергија. Била во 33 недела од бременоста, а состојбата наеднаш ѝ се влошила.
Лекарите веднаш ја ставиле во вештачка кома. Ангела се породила додека била во медицински предизвикана кома, откако се разболела од коронавирусот.
Таа се пожалила на симптоми за кои верувала дека се последица на алергија, но сепак одлучила да се тестира на вирусот.
„Никој не очекуваше дека ќе се разболи, така што ниту јас не очекував дека дури сега ќе родам“, изјавила Анѓела.
Таа открила дека првите симптоми ги почувствувала на 22 март, а тогаш била во 33 недела на бременост. Претходно немала никакви здравствени проблеми, пренесува „Индипендент“.
„Ми дадоа неколку лекови од кои веднаш заспав. Откако се разбудив, оддеднаш повеќе немав болки во стомакот. Тоа беше неверојатно“, изјавила таа од болницата.
Откако стигнала во болницата, состојбата драстично ѝ се влошила, а лекарите одлучиле да ја стават на респиратор. На интезивна нега 27 годишната девојка ја ставиле во медицинска предизвикана кома, како дел од лечењето со кое се заштитува и нејзиното неродено дете.
Примаченко била тргната од респираторот на 6 април и сватила дека се породила и дека на неа бил напраен царски рез. Иако за време на викендот била пуштена од Медицинскиот центар „Легаси Салмон Грик“, таа сеуште не успеала да го земе своето бебе во раце, затоа што останала на одделението за новородени на интезивна нега.
Го видела подоцна преку „видео чет“, а лекарите ѝ рекле дека новороденчето е негативно на коронавирусот. Нејзиниот сопруг и 11 месечната постара ќерка, за среќа исто така се негативни на тестот.
„Кога ме извлекоа од кревет беше лудо, сите плескаа и навиваа во болницата“, раскажува Анѓела.
„Сето ова што го преживеав го нарекувам чудо на Господ. Постои надеж, дури и во најтешките денови и најтешките времиња во кои ќе се најдете, можете да се ослоните на Господ, луѓето и заедницата. Љубовта кон заедницата и луѓето кои се молеа за мене се неверојатно“, раскажала Анѓела по излегувањето од болницата.
Текстот (Видео) Била во кома поради короната, кога се разбудила дознала дека се породила е превземен од Reporter.mk.