Гинекологот Аника Докле објави видео од близначиња кои се родиле само 20 минути по силниот земјотрес во Албанија.
„Јас и моите пријатели овој пат повторно сме во породилното одделение. Овие близначки се родени 20 минути по земјотресот. Ова е најдобриот симбол за континуитетот на животот. Немам зборови!“, напиша Докле на својот фејсбук-профил без да прецизира во кој град се родени близнаците.
Утрово серија земјотреси ја погодија земјата, од кои некои беа разорни. Според најновиот биланс, девет лица се загинати, изјави албанската новинарка Ергиса Бејколари за „Танјуг“.
Како што рече таа, најголем број жртви, но и најголема штета, има во албанските градови Тумане, Курбин, Драч, Фуше Крује, Леже и Фиер. По силниот земјотрес во 3.54 часот со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, биле регистрирани уште најмалку 110 потреси.
Текстот (Видео) Близнаци се родија 20 минути по силниот земјотрес во Албанија е превземен од Reporter.mk.