(Видео) Бојко Борисов кара непослушни министри: Има по три пати да викаш дека нема да плаќаат патарина

Бугарскиот премиер Бојко Борисов вчера на средба со министрите, беше прилично нервозен откако дозна шефот на агенцијата на патишта ги покачил цените на патарините. Уште по лут беше откако жители на населени места во близина на Софија изчегле протест, откако дознале дека треба да плаќаат винетки (патарина) за да можат да одат на работа по обиколницата околу градот.

Борисов бил бесен на Терзииски затоа што ги покачил патарините и го обвини дека заради него сега жителите на населените места во близина на Софија ќе плаќале повисоки цени за да можат да одат на работа по обиколницата околу градот.  Голем број од луѓето изглеле и на протести за да го покажат својот револт кон ваквата одлука.

За време на средбата со министрите тој му нареди на шефот на Агенцијата за патишта Георги Терзииски да се прошета меѓу народот и трипат да вика на глас дека нема да плаќаат патарини.

„Каде е шефот на Агенцијата за патишта? Зошто ми правите така? Нели знаете дека сега ќе се расправам со вас? Како може да ми го истерате народот на улица за таква глупост?“, го прашал Борисов, шефот на АПИ, Терзиискиш.

„Ве прашувам, за да знам дали да ве сменам  уште денес. Можам  да реагирам сега, или после ручек? Тие луѓе гласаа ли за градоначалник на Софија? Гласаа! Какви винетки ќе плаќаат тогаш? Сакам сега да отидеш кај сите тие луѓе во населените места и како гласник по три пати да викаш, ‘Нема да има винетки!’, Ќе викаш по три пати, ќе се извинуваш ѝ се врати“, му наредил Борисов на Терзииски.

„Ако веднаш не направите така, ќе зажалите“, пресече бугарскиот премиер, по што Терзииски ја напуштил средбата.

 

 

Текстот (Видео) Бојко Борисов кара непослушни министри: Има по три пати да викаш дека нема да плаќаат патарина е превземен од Reporter.mk.