Британскиот премиер Борис Џонсон одбил да се појави во телевизиска дебата на тема за климатските промени, па продуцентите одлучиле на неговото место да постават ледена скулптура. Во Британија почна предизборната кампања, па телевизијата „Канал 4“ ги покани сите партиски лидери на дебата.
Од партијата на Борис Џонсон, Конзервативната партија, понудиле на местото на премиерот да се појави министерот и негов заменик Мајкл Гов, но одговорните во „Канал 4“ го одбиле ваквиот предлог, објаснувајќи дека настанот е резервиран само за лидерите на политичките партии.
LOOK: Boris Johnson and Nigel Farage were replaced with melting ice sculptures during the climate debate on Channel 4. Johnson is coming under fire for failing to attend the panel pic.twitter.com/bQVFSmB0wf
— Bloomberg TicToc (@TicToc) November 29, 2019
Конзервативците се пожалиле по што следела кавга меѓу уредникот на вестите и министерот Џејмс Клеверли. Ледената скулптура на местото на Џонсон не беше единствената. Уште една скулптура го замени Најџел Фараж, кој исто така не учествуваше на дебатата.
Сите лидери кои учествувале на дебатата, ветија дека ќе рабтат на намалување на емисијата на штетни гасови.
Текстот (Видео) Борис Џонсон одбил да се појави на телевизиска дебата, па на неговото место ставија ледена скулптура е превземен од Reporter.mk.