Британскиот премиер Борис Џонсон бил снимен од фотографите со нозете на маса за време на состанокот во резиденцијата кај францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата.
Додека разговарале двајцата, Џонсон за момент ја подигна десната нога на малечката маса во резиденцијата на Макрон. Ова е прва посета на Џонсон во странство, како премиер на Велика Британија.
Преку социјалните мрежи голем број луѓе го осудија потегот на Џонсон, сметајќи дека премногу се опуштил на ваква официјална посета и дека со неговото однесување ги посрамотил британските граѓани.
Џонсон со нозете на маса почнал да ги поздравува фотографите во собата, а Макрон додека го гледал, делувал како да се забавувал, пишуваат светските агенции.
WATCH: Here’s the Reuters video of Boris Johnson putting his foot on the Elysee furniture. It seems President Macron was making small talk suggesting the table would work equally well as a footstool should the PM want to recline, which Johnson then jokingly does pic.twitter.com/dnv37t9mS4
— Tom Rayner (@RaynerSkyNews) August 22, 2019
Двајцата лидери разговарале за состојбата со брегзит. Светската агенција „Ројтерс“ пренесува дека на состанокот Макрон го предупредил Џонсон дека нема доволно време во целост да се измени договорот за Брегзит, пред 31. октомври, кога истекува рокот за излегување на Велика Британија од ЕУ.
Текстот (Видео) Борис Џонсон со нозете на маса на состанокот со Макрон е превземен од Reporter.mk.