(Видео) Браната Усои може да уништи над 5 милиони луѓе во четири држави

Доколку стане оштетвање на браната Усои на реката Мургаб во Таџикистан, би можела да уништи повеќе од 5 милиони животи, велат експертите. Оваа брана настанала по земјотрес во 2011 година и од тогаш се случила само една несреќа, одрон кој проготал цело село.

Браната Усои која настанала по природен пат е висока 566 метри. Според проценките на експертите, доколку денес би дошло до изливање на водата, директно би биле загрозени 30 села во долината на Бартанг и уште шеесетина во регионот. А злото да биде поголемо, експертите тврдат дека само прашање на време е кога браната ќе се сруши.

Веројатно рушењето ќе биде предизвикано од земјотрес, а на браната која е веќе напукната би истекол бран висок 30 метри, во кои директн би биле погодени дури 5 милиони луѓе и тоа во четири држави Таџикистан, Авганистан, Узбекистан и Туркменистан.

До сега најсмртоносниот земјотрес однел повеќе од 4 милиони животи во Кина и тоа во 1931 година. Експертите велат дека браната Усои, не мора да напукне од земјотрес. До несреќата може да дојде поради терористички напади. Тие предупредуваат дека дури и од помали одрони, водата може да збрише над десетина села.

Новинарот и научник Ричард Стон, езерото Сарез го истражува десетина години и вели дека ништо не е превземено за спречување на катастрофата, која сигурно ќе се случи во иднина.

Додека Таџикистан беше дел од Советскиот Сојуз, ситуацијата била надгледувана од властите во Москва и Душанбе, главниот град на Таџикистан. Службите постојано биле во контакт, но во меѓувреме ваквата меѓусебна соработка пропаднала и згаснала.

Експертите имале идеја да се ископа подземен тунел во кој водата би можела да истече, но поедини локални научници изјавиле дека нема шанси браната да пукне, па на крајот се дошло до идеја езерото да се искористи за вода за пиење.

Во моментов се води трка со времето дали Таџикистан и соседен Узбекистан би можеле да го намалат нивото на водата, пред да се случи катастрофа.

 

 

 

Текстот (Видео) Браната Усои може да уништи над 5 милиони луѓе во четири држави е превземен од Reporter.mk.