Триесет и седумгодишната Роанхела Алмеида дос Сантос од Бразил, за која се верувало дека починала од септички шок по два срцеви удари, по грешка била закопана жива. По 11 дена викање и секаков обид за да се извлече, Сантос на крајот сепак починала.
Росанхела во болницата била прогласена за мртва на 28 јануари, а веќе утредента била погребана. Луѓето кои живееле во непосредна близина на гробиштата, на кои е погребана, на 9 февруари им јавиле на роднините дека од гробот слушале викотници и удари.
Семејството верува дека таа била по грешка прогласена за мртва и поради тоа инцидентот го пријавиле во полиција.
Нејзината сестра Изамара Алмеида изјавила дека не сакаат да го обвинуваат нејзиниот доктор, и дека не сакаат да создадат никакви проблеми.
Исто така дополнила дека е невозможно некој и по 11 дена да биде топол кога ќе го извадат од гробот. Полицијата земала изјави од членовите на семејството и други луѓе, а навеле дека телото на Росанхела ќе биде повторно ексхумирано за да се утврди што навистина се случило.
Портпаролот на болницата во која Росанхела е прогласена за мртва истакна дека ќе ги обезбеди сите потребни информации кои од нив ќе бидат побарани, било да е од семејството или државните органи.
Текстот (Видео) Бразилка ја закопале жива е превземен од Reporter.mk.