(Видео) „Брилјантин“ прослави 40 години од премиерата

Мјузиклот „Брилијантин“, еден од холивудските класици, одбележа 40 години од премиерата. Оливија Њутн Џон и Џон Траволта стекнаа светска слава со улогите на Сенди и Дени. Траволта продолжи да снима филмови, а Њутн Џон ѝ се посвети на музичката кариера. Песните од филмот, You’re the One That I Want, Summer Nights, Hopelessly Devoted, Grease Lightning и други, се хитови и денес.

„Се надевавме дека филмот ќе биде добро прифатен од тинејџерите за едно или две лета, но не ни помислувавме дека 40 години подоцна интересот ќе биде ист во целиот свет, кај публика од сите возрасти“ рекол режисерот Рендал Клајзер.

Филмот, кој ја доживеа премиерата на 13 јуни 1978 година, е адаптација на истоимениот театарски мјузикл на Ворен Кејси и Џим Џејкобс од 1971 година. Снимањето траело два месеца, чинело шест милиони долари, а филмот заработи околу 400 милиони долари од продажба на кинобилети, со што стана е еден од филмските мјузикли со најголем приход во историјата.

Во 1982 година е снимен и „Брилијантин 2″ со Мишел Фајфер и Максвел Колфилд. Тој филм не постигна успех како оригиналот.

Текстот (Видео) „Брилјантин“ прослави 40 години од премиерата е превземен од Reporter.mk.