Државниот секретар во британското Министерство за надворешни работи Марк Филд, е суспендиран и го чека истрага поради тоа што брутално ја нападнал активистката на „Гринпис“.
Активистката протестирала поради климатските промени и го прекинувала говорот на британскиот министер за финансии Филип Хемонд.
„Британската премиерка кога ја виде снимката веднаш покрена акција“, изјавила портпаролката на Тереза Меј.
Претставникот на конзервативната партија Брендон Луис изјавил дека Филд во моментов се наоѓа под истрага откако е снимен како тепа жената на манифестацијата во Меншн хаус.
MP Mark Field grabbed a female protester before marching her out of the room during an event at Mansion House in London.
Read more about what happened here: https://t.co/cXluSZqNjd pic.twitter.com/qeQ8AxiDWJ
— Sky News (@SkyNews) June 21, 2019
Луис изјавил за ITV дека Филд тешко ќе може да се одбрани поради снименото видео, но објасни дека истрагата ќе ги опфати сите детали за тоа што навистина се случило на настанот.
Конзервативецот Питер Ботомил се ставил во одбрана на Филд, велејќи дека тој направил нешто, што секоја нормална емотивна личност би го направила, за време на исфрањето на демонстрантите.
Хемонд го продолжил својот говор и ја бранел политиката на владата за климатските промени.
Текстот (Видео) Британски министер на Тереза Меј истепа активистка е превземен од Reporter.mk.