Американките Ешли Томас (29) и Латоја Вимберли (31) цели 17 години биле неразделни другарки, за на крајот да откријат дека се сестри. Поточно полусестри, затоа што двете дознале дека имаат ист татко.
Ешли и Латоја се запознале во средно училиште. За тоа дека имаат ист татко дознале случајно преку пријателка на мајката на Ешли. Таа го забележала татко им на фотографијата од свршеничката забава на Латоја.
На фотографијата бил Кенет Вимберли (48) со кого мајката на Ешли, пред да почине, била кратко време во врска. Ешли му покажала на Кенет друга фотографија од нејзината мајка, а тој ѝ потврдил дека во минатото двајцата се дружеле и дека кратко време биле во врска, но никогаш не му кажала дека таа останала бремена.
Латоја побарала да направат ДНК-тест, кој подоцна покажал дека Кенет им е биолошки татко на двете девојки.
„На почеток ми беше тешко да прифатам дека имам друг татко“, изјавила Ешли.
Мајката на Ешли, која починала пред 11 години, никогаш не му кажала на Кенет дека останала бремена, а кратко откако се разделиле почнала друга врска.
„Среќен сум што Ешли е мојата ќерка. Таа сега е член на моето семејство. Тоа што се најдовме верувам дека е божјо дело“, изјавил Кенет.
Текстот (Видео) Целиот живот биле пријателки, за на крајот да дознаат дека се сестри е превземен од Reporter.mk.