Пред 30 години Мик Доџ го напуштил модернио свет и заминал да живее во шума на полуостровот Олимпик во американската држава Вашингтон. Целата младост ја минал патувајќи низ Америка и светот со неговиот татко Роналд. Матурирал во средното школо Кубасаки во Окинава, во Јапонија. Никогаш не студирал, но вели дека обожава да чита книги. Работел како механичар на големи бродови, пред да реши да замине во дивината.
Бегството во природата го започнал со истражување на физичката активност. Низ годините исчезнале сите негови хронични проблеми. Исчезнале болките во стапалата и грбот, а срцето му било во одничка состојба.
„Ме болеа нозете. Имав деформирани стапала и нозе. Ме болеа така што едвај можев да одам. Секогаш пешачев и трчав за да се носам со стресот од модерниот живот. За да пронајдам смисла во животот. Си заминав од дома за да ги излечам нозете. Резултатите брзо стигнаа. Не само што ми оздравеа нозете, ми исчезна болката во грбот и вратот, туку најдобро од се е што престане и болката во срцето. Избегав од сресниот полн со седативи, осигуран живот во модерниот свет“, вели Мик Доџ.
Во природата тој редовно вежбал. Наместо тегови и скапа опрема, користи камења и дрва. Понекогаш дури ги подучува и им раскажува на некои деца и ученици кои ќе го посетат во шумата за својот стил на живот. Луѓето кои ќе го сретнат, често му позајмуваат и по некоја книга.
„Ако книгата нема смисла, ќе засадам за неа едно дрво и тогаш ја користам како тоалет хартија. Ако книгата ми се допадне, ќе засадам дрови и ќе ја дадам на некој друг“, вели тој.
Мик живее во шупливо дрво и вели дека не му недостастува модерната цивилизација.
„Не ми недостастува. Не постои начин да побегнете од неа. Заоа развив телесна фитнес вежба за да се ослободам од неа, од машините, електрониката, социјалниот замор. На една од моите долги тркачки потраги со моите голи стапали во висорамнините на Олимпус, добив лекција од планината. Беше тоа на почеток на една зима. Паѓаше снег и речиси ќе ги изгубев прстите на нозете. Немав облека со себе. Пешачев 30 милји. Ја исеков мојата кожна јакна и направив чизми, за да ги заштитам нозете. Тогаш сватив дека е подобро да го променам мојот став и завет и да ги стоплам стапалата. Тоа беше моќна лекција. Го научив значењето и мудроста на старите изреги од моите предци. „Немјоте да го фрлите бебето, заедно со водата од кадата“.
Но и покрај предизвиците, тој вели дека зимите во дивината не му паѓаат толку тешко.
„Не постојат многу работи, кои не сум ги пробал. Јадам се и сешто. Можам да јадам разнолика храна. Еднаш наидов на лос, кој беше убиен од пума. Кога пумата ќе убие лос, целата шума доаѓа да јаде. Јас го направив истото. Често собирам од патот некаков дивеч кој е прегазен од автомоби. Многу луѓе се плашат од таквата храна, но сепак јадат сушено месо, а тоа не се разликува од исушено месо на сонце. Тоа што го јадам ни неделата, се менува во зависност од тоа низ каков терен се движам. Сепак постои една духовна храна која се обидувам да ја задржам во моите тајни места. Бисквити со парчиња чоколада. Мојата баба ме навикна на нив“, вели Мик.
Кога ќе се разболи, Мик вели дека се лечи со оган и вода.
„Кога ќе се разболев, ќе го потопев целото тело во ледена вода. Постојат во шумата голем број на лековити билки, кои ги користев за лечење“, вели тој.
Мик вели дека почитта е слаб збор за она што го чувствува кон Земјата.
„Една од лекциите кои ги научив на една од моите долги потраги во дивината, е да се ослободам од поларизацијата во современиот свет. Луѓето секогаш се обидуваат да ве стават во кутија. Барав нешто што имаше смисла, што ми одговараше, а интеграцијта во дивината и питомоста е нешто што имаше смисла. Научив како да го најдам патот кој се наоѓа меѓу модерниот свет и Земјата. Тоа истовремено е и забавно и авантуристички“, вели Мик.
Mick Dodge: He Lives In A Tree, Doesn’t Wear Shoes, And Brushes His Teeth With A Pinecone https://t.co/ocGrDYViSX pic.twitter.com/fe2qQFraXv
— Evan Kirstel (@evankirstel) June 9, 2017
На модерниот човек Мик сака да му порача да излезе од својата кутија за чевли ид а прошета низ локалното подрачје.
„Кога тоа ќе го направите, можеби ќе почнете да забележувате некои поедноставни работи. Што ќе се случи кога ќе почнете да ги следите своите нозе? Не знам, никој не знае. Ја знам само мојата приказна. Но, јас исто така знам дека луѓето ќе почнат да излегуваат од своите челви и да шетаат доволно долго, за да ги почувствуваат сеќавањата, да ја развијат праксата на опоравување и да ја започнат обновата на своето пешачење низ Земјата“, вели Мик.
Текстот (Видео) Целиот живот го минал во шума, се лечел со оган и вода е превземен од Reporter.mk.