На аукција во Париз, вчера беа продадени чизмите на францускиот цар Наполеон Бонапарта. Од аукциската куќа „Друо“ соопштија дека чизмите биле продадени за цена од 117.000 евра.
Овие чизми Наполеон ги носел за време на егзилот на островот Света Елена каде починал во 1821 година. Чизмите ги наследил неговиот пријател маршал Бертран, кој подоцна му ги отстапил на вајарот Карл Маркокети. Тој ги користел за скулптурата на Наполеон на коњ, која била наменета за неговиот надгробен споменик.
„Се уште има многу обожаватели на царството на Наполеон“, напиша на Твитер аукциската куќа „Друо“ по продажбата на чизмите.
Историчарите истакнуваат дека чизмите одговараат на описот што Наполеон го испраќал на кондураџијата Жак, кој работел во париски Монмартр.
Текстот (Видео) Чизмите на Наполеон Бонапарта продадени за 117.000 евра е превземен од Reporter.mk.