Во градот Дамаск во Сирија, оваа година беше организиран празничен карневал. Голем број луѓе излегоа на улиците маскирани како Дедо Мраз и новогодишни елки. По долгиот период војни и немири, конечно граѓаните можеа да ја почувствуваат новогодишната магија исполнета со среќа и за момент да заборават на немилите настани.
Градот бил украсен со многубројни новогодишни елки и лампиони. Низ улиците ништо не потсетувало дека на ова место во изминатиот период се одвивале бунтови и воени акции. Во Сирија граѓанската војна трае од 2011 година, а ништо не навестува дека во скоро време истата ќе заврши.
Сиријците преку празничниот карневал, испратле порака за надеж и среќа и велат дека ќе се потрудат колку е можно понормално да живеат. Граѓаните кои излегоа, се дружеа, се шетаа низ градот, пееја и се сликаа.
Речиси ништо не потсетувало дека во оваа земја и понатаму се одвива војна, а граѓаните испратија порака за мир до останатиот дел од светот.
Текстот (Видео) Дедо Мраз стигна во Дамаск е превземен од Reporter.mk.