Јужноафриканецот Рајнер Шимп вели дека додека нуркал во водите недалеку од брегот на градот Порт Елизабет, бил проголтан од кит. Рајнер вели додека ги снимал рибите, китот се појавил под него и додека ги голтал рибите успеал да го собере и него.
„Само се појави под мене и додека ги собра рибите ме проголта и мене. Почувствував притсок околу струкот и веднаш знаев што се случува. Китот случајно ме собра заедно со својот главен оброк“, изјавил Рајнер кој 20 години работи како експерт за зачувување на морскиот живот.
Остатокот од екипата со неверување ја следел целата ситуација. Рајнер вели дека за среќа китот го исфрлил на време Рјанер без никакви повреди.
Текстот (Видео) Додека ги снимал рибите го проголтал кит е превземен од Reporter.mk.