Американскиот претседател Доналд Трамп ја продолжи традицијата во Белата куќа и помилуваше две мисирки за Денот на благодарноста. Американските медиуми пишуваат дека птиците нема да завршат на празничната трпеза која ја нарекуваат Леб и Путер.
Мисирките пред помилувањето, ноќта ја минале во луксузниот хотел „Вилард интерконтинентал“, пред да бидат донесени во Вашингтон. Тие биле префрлени во новиот дом заедно со останатите помилувани мисирки во Вирџинија.
Традицијата на помилување прв ја воведе поранешниот американски претседател Џорџ Буш постариот, во 1989 година, кога поштеди мисриска тешка околу 23 килограми. Американскиот Ден на благодарност се слави секој четврток во ноември, а оваа година денот паѓа на 28 ноември.
Текстот (Видео) Доналд Трамп помилува две мисирки е превземен од Reporter.mk.