(Видео) Доналд Трамп во Ирска дочекан со погребни лимузини

Белата куќа потрошила милион долари за изнајмување на четири лимузини од една ирска погребна компанија, за транспорт на американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговиот престој во Ирска.

Компаниите JP Vard и Sans ги изнајмуваат своите лимузини „Мерцедес Е“ класа, за оние кои што сакаат да присуствуваат на погреби со луксузни автомобили и луѓе кои сакаат едноставно да се возат во луксуз.

Администрацијата на Трамп и платила на ирската компанија со седиште во округот Виклоу, 935.033 долари за користење на автомобилите во период од два дена. Компанијата и претходно била ангажирана да вози високи американски претставници од Белата куќа.

Во 2013 година во вакви автомобили се возеле и Мишел Обама и нејзините ќерки Саша и Малија. Трамп во Ирска пристигнал синоќа, каде се сретнал со премиерот Лео Варадкар.

Претседателот потоа заминал на неговото голф одморалиште во Дунбег. Од Ирска Трамп заминал за Нормандија на одбележување на Денот „Д“ во Нормандија, а од таму повторно ќе се врати во Ирска.

Текстот (Видео) Доналд Трамп во Ирска дочекан со погребни лимузини е превземен од Reporter.mk.